Линкови за пристапност

Северна Кореја ги кани САД на разговори за нуклеарната програма


Во јужнокорејски извештаи се вели дека Северна Кореја го поканила американскиот специјален претставник за земјата да дојде во Пјонгјанг на разговори за нуклеарната програма.

Доколку извештаите во јужнокорејските медиуми се точни, со посетата на американскиот специјален претставник за Северна Кореја, Стивен Босворт, би се оствариле првите официјални нуклеарни преговори меѓу Вашингтон и Пјонгјанг за време на администрацијата на Барак Обама.

Засега нема реакција од страна на американската амбасада во Сеул по ова прашање.

Во друга разврска, во понеделникот, САД го поздравија контактот на високо ниво меѓу Северна и Јужна Кореја, но рекоа дека не е постигнат никаков напредок за прекин на нуклеарната програма на Пјонгјанг.

Портпаролот на Стејт департментот, Иан Кели изјави дека Вашингтон го поддржува дијалогот меѓу Северна и Јужна Кореја, како и обмислени чекори што би воделе до намалување на тензијата на Корејскиот Полуостров.

Кели додаде дека САД досега не забележале вистински напредок кон нивната цел за соработка со Северна Кореја во рамки на шестраните разговори чии фокус е прашањето за денуклеаризација.

XS
SM
MD
LG