Линкови за пристапност

Јужна Кореја не успеа да инсталира сателит во вселената


Јужна Кореја денеска лансираше ракета во вселената, но набљудувачкиот сателит прикачен на неа, не успеа да ја достигне целта.

Министерот за образование, наука и технологија, Ен Бјонг-ман изјави дека ракетата ја одминала планираната орбита и се одвоила од сателитот на поголема надморска височина.

Јужнокорејските и руски научници во моментов испитуваат што точно се случило.

Лансирањето на Корејското вселенско летало -1, создадено во соработка со Русија, беше одложувано веќе неколкупати.

Денешното лансирање од Вселенскиот центар Наро јужно од Сеул е прв пат Јужна Кореја да лансира ракета од сопствено тло. Сеул претходно има испраќано сателити во вселената од други центри, користејќи вселенски летала на други земји.

XS
SM
MD
LG