Американскиот претседател Барак Обама го нaзначи актуелниот шеф на американската централна банка за втор мандат, фалејќи го неговиот учинок во, како што рече „во време на една од најтешките финансиски кризи со кои некога се соочиле САД и светот.“
Претседателот Обама рече дека храброста, креативноста и темпераментот на Бен Бернанке помогнале да се спречи втора Голема депресија.
Обама исто така му оддаде признание на претседавачот со Федералните резерви за пристапот за решавање на кризата - кога финансискиот систем беше на раб на колапс - тој понудил смиреност и мудрост, истакна претседателот.
Претседателот Обама ги даде оценките за време на неговиот одмор во североисточната сојузна држава Масачусетс.
Бернанке се заложи дека ќе работи за растежот и простеритетот на САД, ако биде потврден од Сенатот.
Актуелниот четири-годишен мандат на Бернанке истекува во 2010-та.