Линкови за пристапност

Мајкл Џексон починал од смртоносна доза на моќен анестетик


Медицински вештаци во Лос Анѓелес обелоденија дека поп-ѕвездата Мајкл Џексон починал од фатална комбинација на лекови и од моќниот анестетик пропофол.
Во судски документи се вели дека заклучокот е базиран на извршената аутопсија.

Истрагата се фокусира на користењето на Џексон на препишани лекови и улогата на неговиот личен лекар Конрад Муреј. Докторот призна дека на Џексон му дал комбинација од пропофол и други медикаменти на денот на смртта.

Доктор Муреј, кој има канцеларија во Хјустон, рече дека го лекувал Џексон од инсомнија, или неспиење.

Американската агенција за контрола на лековите соопшти дека нема запис дека Муреј нарачал, купил или поседувал моќен анестетик пропофол.
Асошиејтед прес јави дека смртта на Џексон може да се квалификува како убиство и може да покрене кривична пријава против неговиот личен лекар.
Педесетгодишниот Мајкл Џексон ненадејно почина на 25-ти јуни во Лос Анѓелес.

XS
SM
MD
LG