Белата куќа и Конгресната канцеларија за буџет, предвидуваат дека за актуелната фискална година, федералниот дефицит во САД ќе достигне до 1,6 трилиони долари.
Како дел од економијата, ова е најголем федерален дефицит на САД од Втората светска војна наваму.
Но, Белата куќа и Конгресот имаат различна 10-годишната проценка за големината на дефицитот.
Канцеларијата за менаџмент и буџет при Белата куќа предвидува дека федералниот дефицит наредната деценија ќе достигне девет трилиони долари, што е за два трилиона повеќе од претходната проценка.
Во меѓувреме, непартиската Конгресна буџетска канцеларија ја намали својата проценка за буџетскиот дефицит на нешто повеќе од седум трилиони долари.
Пониската цифра е базирана на предвидувањата за економско опоравување во земјата и помала инфлација.