Линкови за пристапност

Ќе биде отворена истрага  за испрашувањата на ЦИА


Американскиот генерален правобранител Ерик Холдер назначи обвинител кој повторно ќе ја отвори истрагата за испрашувањата на ЦИА на осомничени терористи во времето на администрацијата на Џорџ В. Буш.

Соопштението на Холдер дојде откако ЦИА го објави претходно класифицираниот извештај за испрашувањата.

Внатрешниот извештај на ЦИА вели дека испрашувачот му се заканувал на осмислувачот на терористичките напади на САД од 11 септември, 2001, Калид Шеик Мохамед, дека децата ќе му бидат убиени доколку се случи друг напад.

Новата истрага од Одделот за правда може да доведе до кривично гонење на сегашни и поранешни вработени во ЦИА и луѓе со кои агенцијата имала склучено договори. Директорот на ЦИА, Леон Панета, на вработените во агенцијата им кажа дека има намера да застане на страната на оние службени лица кои го направиле тоа што државата го побарала од нив и кои ги следеле законските упатства кои им биле дадени.

XS
SM
MD
LG