Линкови за пристапност

Шкотскиот министер за правда  ја брани одлуката за ослободување на ал-Меграхи


Шкотскиот министер за правда Кени МекАскил ја бранеше својата одлука да му се дозволи на Абдел Басет ал-Меграхи, кој е болен од рак, да се врати во Либија. На ал-Меграхи, единствениот обвинет за уривањето на авионот на Пан Ам во 1988-ма година, му беше одредена доживотна казна затвор.

МекАскил пред шкотските законодавци изјави дека се консултирал со семејствата на жртвите на несреќата и со високи американски претставници, пред да го дозволи ослободувањето на Абдел Басет ал-Меграхи. МекАскил на неколкупати изјави дека одлуката за ослободување на Меграхи била лично негова, а ја донел согласно шкотскиот закон.

Во бомбашкиот напад врз авионот на Пан Американ загинаа 270 лица.
Меграхи отсекогаш се изјаснувал дека не е виновен за нападот. Тој се врати во Либија во четвртокот и беше пречекан како херој, изјавувајќи дека планира да напише книга во која ќе ги изложи сите нови информации за најсмртоносниот терористички напад во британската историја.

XS
SM
MD
LG