Линкови за пристапност

Шефот на НАТО во посета на Турција за време на Рамазан


Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен неделава ќе ја посети Турција за да се сретне со турските претставници и да присуствува на вечерниот оброк во чест на светиот муслимански празник Рамазан.

Од високи дипломатски кругови се дознава дека Расмусен ќе пристигне во Анкара в четврток и ќе се сретне со претседателот Абдула Ѓул, премиерот Реџеп Таип Ердоган и министерот за надворешни работи Ахмет Давутоглу. Првиот човек на НАТО ќе присуствува и на ифтар, вечерата кога муслиманите го прекинуваат дневниот пост за време на Рамазан.

Ова ќе биде прва посета на Расмусен, поранешен премиер на Данска, откако месецов ја презеде функцијата генерален секретар на НАТО.

Турските претставници првично беа против номинацијата на Расмусен на оваа функција, бидејќи тој застана во одбрана на контроверзните дански карикатури во кои се исмејуваше пророкот Мухамед, како и заради неговиот неуспех да ја забрани работата на телевизиска станица со седиште во Данска, за која постојат информации дека е поврзана со курдските сепаратисти.

Американскиот претседател Барак Обама на самитот на НАТО во април, ја убеди Турција да го повлече приговорот.

XS
SM
MD
LG