Линкови за пристапност

Семејството Обама замина на одмор


Обама со сопругата Мишел, ќерките Саша и Малиа, семејното куче Бо, персонал од неговиот кабинет и службите за обезбедување се сместени на приватен имот на островот, каде што поранешниот претседател Бил Клинтон со семејството ги минуваше одморите.

Семејството Обама мораше да го одложи почетокот на одморот за неколку часа поради лошите временски услови поврзани со ураганот Бил, што се придвижи кон крајбрежјето на Атлантскиот океан.

Сепак, кога конвојот на претседатателот минуваше низ островот, многумина излегоа да ги поздрават.

Локалните продавници веќе продаваат сувенири врзани со престојот на претседателот Обама во нивното место.

XS
SM
MD
LG