Њујорк Тајмс цитираше неименуван извор дека Канцеларијата за професионална одговорност му ги дала препораките на јавниот обвител на САД, Ерик Холдер. Тој сега ја разгледува можноста дали да назначи обвинител да ги истражи техниките на испрашување на ЦИА за време на администрацијата на претседателот Џорџ БУш.
Со овој чекор може да се откријат вработени од ЦИА и договорни работници на агенцијата, заради наводно лошо постапување со осомничени за тероризам.
Претседателот Барак Обама рече дека сака да ја остави оваа тема во минатото и да избегне агендата на неговата администрација да биде засенета од контроверзите во минатото.
Во понеделник, внатрешната истрага во рамки на ЦИА ќе објави извештај за деталите од техниките за испрашување на агенцијата под администрацијата на Џорџ Буш.