НАТО вели дека двајца од нивните војници биле убиени во Авганистан доцна во неделата, додека во истиот ден главниот американски армиски офицер кажа дека ситуацијата во земјата е „сериозна и се` полоша“.
Во телевизиско интервју за СиЕнЕн командантот на здружениот генералштаб , адмиралот Мајк Мулен, кажа дека бунтовништвото на Талебан станало пософистицирано во своите тактики.
Мулен исто така рече, во одвоено интервју, дека е загрижен заради намалувањето на американската јавна поддршка за авганистанската војна.
Во јули, меѓународните сили имале најголем број жртви од почетокот на војната во 2001, 76.
Весникот Њујорк Тајмс вчера извести дека командантите на американската армија во мисијата на НАТО во Авганистан велат дека немаат доволно трупи за работата за која се таму.