Линкови за пристапност

Живеење во комуни – за многумина привлечна алтернатива во САД


Во 1960-тите беа нарекувани комуни. Денес се познати како меѓународни заедници. Некои се засновани на спиритуалност, други на идејата за заштита на животната средина. Но за сите е заедничко што веруваат во споделување.
На фармата Твин Оукс, во Вирџинија, живеат 100-тина луѓе.

Многу луѓе доаѓаат тука во потрага по утопија, вели Рас Мекги, кој веднаш додава дека „ова не е утопија“. Тој не жали за одлуката да се пресели овде, пред седум години.

„Има определба за едноставен живот“, вели тој. Немате многу патувања и културна забава, но има големо духовно богатство и вистинска поврзаност со животот“.
Но забава има, само што е од друг вид. Членовите оставаат пораки на билборди наместо на Фејсбук или Твитер. Затоа што живеат во куќа со 10-20 други, имаат помала приватност. Но, Артен, од неодамна член, вели дека токму тоа е една од работите кои ги сака во Твин Оакс: „Работев надвор, во светот, 25 години и живеев до некои луѓе четири години, но никогаш не ги запознав. Сега живеам со 90 други и сите ги познавам. Тоа е нешто како да живееш во мало село.“, вели тој.
Но, во ова село, се е бесплатно. Валери живее тука 17 години. Вели, има покрив над глава, здравствена заштита, храна, облека, и по 75 долари месечно за џепарлак.

Од новодојдените не се бара да го вложат својот имот. Тоа што ја одржува заедницата е работата. Паксус Калта вели дека членовите одбираат што сакаат да работат. Работа има колку сакаш.

„Секој може да се вклучи во некој аспект од секојдневието. Ние сами ги поправаме автомобилите. Сами ги градиме домовите и ги учиме нашите деца“, вели Калта.
Твин Оакс произведува мрежи за лежење и тофу. Приходот од бизнисите и` обезбедува на заедницата готовина за купување на она што не го произведуваат.

Заедницата има 17 автомобили, што сите ги користат.


Но Твин Оакс се гордее со еколошка свест кај своите членови. Тие велат дека конзумираат 66 проценти помалку електрична енергија, дека трошат 75 проценти помалку бензин, и 88 отсто помалку отпад фрлаат во споредба со стандардни заедници слични на оваа.

Ова е начин на живот што многумина го гледаат како комунистички. Но, разликата е што кога членовите заминуваат од заедницата, тие стануваат претприемачи. Кинан Дакота вели: „Имаме комуна во која се обучуваат идни капиталисти“.
Капацитетот на заедницата е исполнет. Твин Оукс има листа на чекање за оние кои сакаат да се приклучат.

XS
SM
MD
LG