Линкови за пристапност

Двајца загинати oд експлозија на пазар во Багдад


Ирачката полиција вели дека двајца загинале, а 20-тина се повредени кога експлодирал автомобил-бомба на пазар во Багдад.

Експлозијата во јужниот кварт Дора е последна од серијата смртоносни инциденти во ирачкиот главен град.

Панел од ирачки законодавци побара одржување итна седница на Парламентот на која ќе се расправа за безбедносните мерки по неколкуте бомбашки напади неделава, вклучувајќи и напади врз владини објекти.

Во средата, во бомбашки напади врз странски објекти и министерството за финансии загинаа повеќе од 100 лица, а беа повредени повеќе од 500-тина. Тоа беше најсмртоносен ден во Багдад откако американските сили се повлекоа од урбаните области на 30-ти јуни.

XS
SM
MD
LG