Линкови за пристапност

Муслиманите се подготвуваат за Рамазан


Мнозинството од муслиманскиот свет се подготува за почеток на светиот месец Рамазан.

Според лунарниот календар, почетокот на празникот се совпаѓа со појавата на млада месечина. Религиозните лидери велат дека месечината не се видела во четвртокот и петокот е определен како последен ден од месецот пред почетокот на Рамазан.

Муслиманите во земјите како Алжир, Египет, Индонезија, Ирак, Судан, Сирија, Сомалија, арапските држави од Заливот и палестинските територии ќе го почнат постот в сабота.

За време на Рамазан, од Муслиманите се очекува да апстинираат од пиење, јадење, пушење и сексуални односи од изгрејсонце до зајдисонце.

Деветиот месец на исламскиот календар, Рамазан, го одбележува времето од пред повеќе од 1400 години, кога Муслиманите верувале дека зборовите од исламската света книга, Коранот, му се откриле на пророкот Мухамед.

Американскиот претседател Барак Обама им го честиташе празникот на сите Муслимани ширум светот.

XS
SM
MD
LG