Ново истражување на
јавно мислење покажува дека јавната поддршка за американскиот претседател Барак
Обама е опадната среде загриженоста за
реформата на здравствената заштита и растечките владини трошоци.
Истражувањето на Вашингтон
Пост и ЕјБиСи Њуз, што е објавено во петок, покажува дека вкупниот
рејтинг е на 57 проценти, што е за
12 поени пониско отколку во времето кога
беше највисок, во април.
Половина од Американците изразиле верување дека
претседателот ќе донесе исправни одлуки за државата, што е намалување од 60-те проценти во април, на сто дена од неговото
претседателствување.
Истражувањето покажува зголемување меѓу Американците кои
веруваат дека нацијата е на погрешна
патека – сега 55 проценти, споредено со 48 проценти во април.
Во исто време, половина од Американците мислат дека
сегашнава економска рецесија ќе заврши следната година, додека 28 проценти
биле со такво верување во февруари.
Истражувањето е извршено на 1.001 возрасно лице меѓу 13и 17 август. Маргината на грешка е плус-минус три процентни поени.