Линкови за пристапност

Поранешниот шеф на домашната безбедност вели дека бил под притисок да го крене степенот на претпазливост


Поранешниот шеф на американската домашна безбедност, Том Риџ, тврди дека врз него бил вршен притисок да го крене нивото на терористичка закана на само неколку дена пред изборите во 2004.

Риџ во неговата нова книга вели дека притисокот дошол од другите членови на кабинетот на претседателот Џорџ В. Буш, меѓу кои и тогашниот Секретар за одбрана Доналд Рамсфелд и генералниот правобранител Џон Ашкрофт, на средба само неколку дена пред изборите. Риџ вели дека немало кредибилна причина, позната на неговиот оддел, за кревање на нивото на закана. На крајот, сепак, нивото не било кренато.

Поранешниот советник за национална безбедност на претседателот Буш, Франсис Таусенд, кој исто така бил присутен на наводната средба, вели дека политиката никогаш не играла улога во одредување на нивото на претпазливост.

Новата книга на Риџ „Тест на нашето време" ќе излезе од печат на 1 септември.

XS
SM
MD
LG