Кампањските тимови
на двајцата водечки авганистански претседателски кандидати тврдат дека победиле на вторите претседателски избори на државата.
Шефот на кампањата на актуелниот претседател Хамид Карзаи
рече дека првичните резултати покажуваат дека Карзаи има значително водство и
дека нема да има потреба од втор круг на гласање.
Но портпаролот на поранешниот Министер за надворешни работи Абдула Абдула, за кого набљудувачите сметаат дека е најсериозниот конкурент на Карзаи, го отфрли тоа тврдење и рече дека Абдула има дефинитивна предност во преброените гласови.
Авганистанската Независна изборна комисија кажа дека претседателските гласови биле преброени, но одби да потврди ниедно од тврдењата, поттикнувајќи ги кандидатите да почекаат на официјалните резултати.
Милиони Авганистанци излегоа во четврток на гласање и покрај заканите за напади од Талебан. Насилството во Кабул, Кандахар и и други поголеми градови уби најмалку 26 лица.Заменик шефот на Комисијата, Зекарија Беракзаи, во петок кажа дека 40 до 50 проценти од авганистанските гласчи излегле на гласање.