Судијата надлежен за прелиминарната судска постапка против поранешниот лидер на Босанските Срби, Радован Караџиќ, верува дека неговото судење може да почне.
Судијата Иан Бономи ова го изјави на распитот пред Судот на ОН за воени злосторства во поранешна Југославија, со седиште во Хаг. Судијата не го соопшти точниот датум. Сепак, Бономи, кој си заминува од функцијата во судот претходно посочи дека очекува постапката против Караџиќ да отпочне во септември.
Караџиќ се товари по 11 основи за геноцид и други обвиненија поврзани со конфликтот во Босна и Херцеговина за време на 90-те години.
Бономи го повика Караџиќ, кој реши самиот да се застапува, да одвои адекватно време да ја подготви одбраната. Тој воедно ги повика и обвинителите да го „стегнат“ случајот за да се забрза постапката.