Линкови за пристапност

Сенаторот Кенеди бара да се забрза постапката за наоѓање негова замена


Долгогодишниот сенатор од Масачусетс Тед Кенеди, кој е болен од тумор на мозокот од властите во оваа сојузна држава бара да го променат законот за наследување на функција, со што би се дозволило брза замена во случај сенатското место да се ослободи.

Во писмо до гувернерот на Масачусетс и законодавците од оваа сојузна држава, Кенеди повикува на амандман со кој гувернерот би можел да назначи привремен наследник на отвореното сенатско место. Со тоа ќе се задржи полниот состав на Сенатот, се` додека не се одржат вонредни избори.

Според актуелниот закон на Масачусетс, специјални избори за пополнување на осободено сенатско место, можат да се одржат во рок од пет месеци. Во писмото, Кенеди додава дека привремениот сенатор ќе може да биде назначен на функцијата под услов да бара постојано сенатско место, со што би се обезбедиле фер избори.

Тед Кенеди, кој има 77 години подолго време не е виден во јавноста. Тој минатата недела не присуствуваше на погребот на неговата сестра, Јунис Кенеди Шрајвер, по што почнаа да кружат шпекулации за неговата здравствена состојба.

Помошниците и советниците на Кенеди велат дека неговото писмо со датум од првата половина на јули, едноставно е показател на неговото навремено планирање, а не на влошување на неговото здравје.

Кенеди во Сенатот е речиси пет децении. Тој е долгогодишен поборник за реформи во здравствениот систем.

XS
SM
MD
LG