Од економската
сфера во САД доаѓаат мешани сигнали. Рекорден број на сопственици на домови
имаат тешкотии во отплаќањето на станбените кредити, а регистрирано е и влошување
на пазарот на труд. Во исто време, други студии покажуваат дека економијата се подобрува.
Американската банкарска асоцијација вели дека повеќе
од девет проценти од станбените заеми се
еден или повеќе месеци назад во отплата на ратите. Други критериуми за проблеми
во сферата на домувањето исто така се на
рекордно високо ниво.
Одвоен извештај покажува дека повеќе американски
работници минатата недела се пријавиле за примање помош заради невратеност.
Одделот за труд вели дека бројот на
новоотпуштените работници пораснал за 15 илјади, достигнувајќи цифра
од 576 илјади.
Но, приватна истражувачка група, Конференцискиот борд, вели дека американската економија ќе продолжи да се подобрува во следните шест до девет месеци. Нивниот индекс на водечки индикатори пораснал за шест десетини од процентот во јули. Ова бил четврти месец по ред на подобрување на индексот.