Линкови за пристапност

Шкотска го ослободи одговорниот за уривање на авионот над Локерби


Шкотска нареди рано ослободување на Либиецот, кому во 1988 му беше одредена доживотна казна затвор за бомбашкиот напад на авионот на Пан Американ што се урна над Локерби, при што загинаа 270 лица.

Шкотскиот министер за правда Кени МекАскил ја соопшти одлуката во четвртокот во Единбург, велејќи дека е донесена на основа на добра волја. Властите велат дека осудениот бомбаш, Абдел Басет ал-Меграхи, инаку поранешен припадник на либиското разузнавање, се очекува наскоро да ја загуби борбата со ракот.

Неодамнешната шпекулација за раното ослободување на Меграхи ги разлути семејствата на загинатите, меѓу кои беа американски студенти кои се враќале од студии во Европа. Во соопштението на Белата куќа, се вели дека САД „длабоко жалат“ за одлуката на Шкотска, повторно изразувајќи сочуство на роднините на жртвите.

Меграхи беше осуден во 2001 на доживотeн затвор за бомбашкиот напад на летот 103 на ПанАм. Авионот експлодира над Локерби на 21-ви декември, 1988-ма година, при што загинаа 259 патници и членови на екипажот, додека 11 лица загинаа кога големи парчиња од авионот паднаа на земјата.

XS
SM
MD
LG