Нова анкета објавена воочи изборите во Авганистан, покажува дека се` повеќе Американци сметаат дека војната во Авганистан не е вредно да се води.
Во анкетата спроведена од Вашингтон пост и Еј-Би-Си, се вели дека 51 процент од илјада испитаници се изјасниле дека војната не вреди да се води, што е зголемување од 45 проценти минатиот месец и 35 проценти во март.
Педесет и седум проценти од испитаниците одговориле дека војната вреди да биде водена, но само четвртина од нив рекле дека ја поддржуваат идејата за испраќање на дополнителни трупи во Авганистан, додека две третини се изјасниле дека изборите во Авганистан ќе резултираат со ефикасна влада.
Во средата, Стејт департментот истакна дека напорите на талебанските милитанти да ги обесхрабрат авганистанските гласачи се осудени на неуспех. Портпаролот на Стејт департментот Иан Кели изјави дека САД се загрижени за интензитетот на самоубиствените и ракетни напади во Кабул, но предвидува дека ќе преовлада волјата на гласачите.