Линкови за пристапност

Авганистанците излегоа на избори


Избирачите во Авганистан во четврток го дадоа својот глас во вторите претседателски избори во државата, под силно обезбедување и закани од Талебан за насилство.

Првичниот одзив во некои делови во државата се чини мал, меѓу кои и во главниот град Кабул, каде експлозии се слушнале рано во денот. Подоцна полицијата разменила оган со група вооружени лица кои презеле зграда на исток на Кабул. Двајца од лицата имале самоубиствени појаси.

На други места, во јужната провинција Хелманд, дете било убиено откако серија ракети паднале во главниот град, Лашкар Гах. За минофрлачки оган се јавува во блиската провинција Кандахар и за ракетен напад чија цел била полициска станица во северниот град Кундуз.

Иако официјални лица велат дека гласањето минало без проблеми, некои гласачки места биле затворени во рурални области под контрола на бунтовници.

Висок претставник на ОН, Каи Еиде, гласањето го опиша како „позитивен настан". Била преземена масивна безбедносна операција со стотици илјади авганистански војници и полицајци потпомогнати од НАТО и американски трупи.

Изборите од четвртокот се втори во историјата на Авганистан кога Авганистанците директно избираат претседател по падот на режимот на Талебан во 2001. Гласачите исто така избираат советници во провинциите.

XS
SM
MD
LG