Два американски
весници известуваат дека Централната разузнавачка агенција склучила договор со
приватна безбедносна фирма како дел од
програмата за лоцирање и убиство на високи оперативци на ал-Каида.
Поранешни и сегашни
официјални лица зборувајќи под услов да останат анонимни за Њујорк Тајмс
и Вашингтон Пост рекоа дека компанијата „Блеквотер ЈуЕсЕј“, сега позната како „Зи", помогнала на
ЦИА во планирање, обука и следење во 2004. Не се знае дали агенцијата планирала да
ги употреби договорните работници за фаќање или убиство на оперативци.
Официјалните лица велат дека користењето на надворешна компанија за класифицирана програма било голема причина што директорот на ЦИА Леон Панета го информирал американскиот Конгрес за програмата во јуни. Панета на законодавците им кажа дека ја откажал програмата откако разбрал за неа.
Вработени на „Блеквотер" најмени за заштитана американски дипломати во Ирак беа обвинети за употреба на претерана сила за време на акција во септември 2007 во Багдад, при што биле убиени 17 ирачки цивили.