Саудиските власти уапсија 44-ца милитанти за наводно планирање на изведување терористички напади. Саудиското Министерство за внатрешни работи во среда кажа дека осомничените се дел од „девијантна група“, фраза често употребувана од саудиските офцијални лица кога се работи за радикални исламски групи како што е ал-Каида.
Претставници на Mинистерството велат дека сите, освен еден од приведените се со саудиско државјанство и дека некои од нив се обучувале во Саудиска Арабија и во странство за правење на експлозиви, фалсификување патни документи и за користење оружје.
Властите исто така заплениле оружје од осомничените, како автоматски пушки, електронски детонатори и муниција.
Официјални лица велат дека групата ги финансирала своите терористички активности од добротворни донации, но не елаборираа.
Апсењата се случиле за време на безбедносна кампања во јули и почетокот на август.