Линкови за пристапност

Ураганот Бил се приближува кон Карибите


Американските метеролози велат дека ураганот Бил станува се посилен и има потенцијал да прерасне во опасно невреме додека се движи низ Атланскиот Океан кон Карибите.

Националниот центар за урагани во Мајами вели дека Бил носи ветриштата со брзина од најмалку 215 километри на час и сега е од категорија четири на Сафир-Симсон скалата од 1 до 5, што значи опасност од причинување на значителна материјална штета.

Утрово, ураганот Бил се наоѓаше на околу 460 километри источно од островите Ливард, а се очекува наредните 24 часа да добие во јачина и да ги погоди островите со силни бранови и ветришта. Метеролозите додаваат дека центарот на ураганот доцна денеска или рано утре најверојатно ќе се насочи кон североисток.

Бил е првиот ураган од сезоната на урагани во Атлантикот.

XS
SM
MD
LG