Линкови за пристапност

ОН го одбележуваат Светскиот ден на хуманитарноста


ОН за прв пат го одбележуваат Светскиот ден на хуманитарноста, што е воспоставен во чест на загинатите хуманитарни работници, со цел да се истакнат опасностите со кои тие се соочуваат во вршењето на работата.

Претставници на неколку хуманитарни групи ќе присуствуваат на церемонија во седиштето на светската организација во Женева, а генералниот секретар Бан Ки-мун ќе положи венец за загинатите и има свое обраќање за време на церемонија во седиштето на ОН во Њујорк.

Првото одбележување на Денот на хуманитарноста се совпаѓа со шестата годишнина од нападот со камион бомба врз канцелариите на ОН во Багдад во 2003-та година. Во инцидентот загинаа 22 лица, вклучувајќи го и главниот претставник на ОН во Ирак Серџо Виеира де Мело.

ОН велат дека во 2008-ма загинале 122-ца хуманитарни работници, што е значително зголемување од 36-мината загинати во 1998-та. Исто така во 2008-ма, ОН велат дека 260 хуманитарни работници биле или убиени, киднапирани, сериозно повредени или силувани.

Во вторникот, двајца авганистански работници во мисијата на ОН во Авганистан биле убиени во самоубиствен напад во близина на главниот град Кабул.

XS
SM
MD
LG