Линкови за пристапност

Почина колумнистот Роберт Новак


Конзервативниот политички коментатор Роберт Новак почина по едногодишна борба со рак на мозокот, на 78-годишна возраст.

Членови на семејството велат дека Новак умрел во неговиот дом во Вашингтон, во вторник. Тој се пензионирал од весникот Чикаго Сан – Тајмс минатата година за да биде подложен на радијација и хемотерапија.

Лекарите открија дека Новак има рак на мозокот минатата година, откако тој беше инволвиран во сообраќајна незгода. Новак удрил пешак со неговиот автомобил по што не застанал.

Тој работел во Чикаго Сан – Тајмс со децении и бил коментатор на СиЕнЕн 25 години, вклучувајќи и работа како водител на политичката емисија „Crossfire".

Новак предизвика скандал кога во 2003 ја употребил својата колумна за откривање на идентитетот на оперативниот агент на ЦИА Валери Плејм.

Сопругот на Плејм, поранешниот амбасадор Џозеф Вилсон, обвини претставници на администрацијата на Буш за откривање на името на неговата сопруга откако го критикувал начинот на кој администрацијата го користела разузнавачкиот материјал како вовед во инвазијата на Ирак.

Скандалот доведе до осуда на тогашниот шеф на кабинет на потпретседателот Дик Чејни, Луис „Скутер" Либи, по обвинение за кривоклетство, опструкција на правдата и давање лажни изјави. Новак, кој соработуваше со специјалниот обвинител кој ја водеше истрагата по обелоденувањето на името на Плејм, не беше обвинет во случајот.

XS
SM
MD
LG