Линкови за пристапност

Таканаречената беби-бум генерација во САД се` уште конзумира дрога


Некои обичаи од времето на Вудсток не се менуваат: генерацијата позната како беби-бум, родените во периодот меѓу 1946-та и 1964-та, се` уште користи дрога во голема мера, и покрај поодмината возраст, судејќи според податоците што ги објави американската влада.

Од 2002-ра до 2007-ма, бројот на Американци на возраст меѓу 50 и 59 години кои признале дека употребиле дрога во текот на минатата година се удвоил. Над девет проценти од оваа генерација признале дека се дрогираат.

Беби-бум генерацијата го добила името по наглото зголемување на популацијата по завршувањето на Втората светска војна.

Стапката на користење дрога на други старосни групи групи е на исто ниво или бележи намалување.

Еден официјален претставник предупреди дека користењето дрога од страна на беби-бум генерацијата најверојатно дополнително ќе го оптовари системот за здравствена заштита на САД.

XS
SM
MD
LG