Линкови за пристапност

Американските автомобилски гиганти го зголемија производството


Автомобилскиот гигант Џенерал моторс ќе го зголеми производството за 60.000 возила како резултат на поголема побарувачка што, пак, се должи на владината програма со која купувачите може да добијат до 4,500 долари во готово за нов автомобил доколку го заменат стариот.

Џи-Ем ќе врати 1350 претходно отпуштени работници во погоните во САД и Канада.

Компанијата претходно банкротираше како резултат на економска криза и мораше да се реструктира.

Форд најави дека ќе го зголеми производството како одговор на зголемената побарувачка за моделите Фокус и Ескејп.

XS
SM
MD
LG