Линкови за пристапност

Клинтон го брани договорот за користење на колумбиски бази


Американската државна секретарка се обиде да ја намали загриженоста во Јужна Америка дека одбрамбената соработка со Колумбија би значела дека САД ќе воспостават армиски бази во земјата. Клинтон синоќа изјави дека со договорот САД добиле пристап до колумбиските бази, но дека нивната команда, контрола и управување и натаму ќе биде одговорност на Колумбија.

Таа рече дека договорот, кој треба да биде финализиран наскоро од областа на билатералната соработка и дека не се однесува на други земји.

Клинтон имаше средба со нејзиниот колумбиски колега Џејми Бермудез. Тој потврди дека претстојниот договор е базиран врз основниот принцип на немешање во внатрешните работи на други земји.

Претседателот на Венецуела Хуго Чавез тврди дека договорот претставува закана за неговата земја.

XS
SM
MD
LG