Линкови за пристапност

Во експлозии во Багдад загинале 75 лица


Ирачката полиција вели дека во серија експлозии близу значајни објекти во Багдад убиени се најмалку 75 лица и ранети повеќе од 310 други.

Нападите од средата го означија најкрвавиот ден во ирачкиот главен град откако американските борбени единици се повлекоа од урбаните области на 30 јуни.

Една експлозија разнела дел од населба близу силно обезбедената Зелена зона, покривајќи ја областа со отпад и скршено стакло. Експлозијата се случила близу ирачкото Министерство за надворешни работи, и од неа се скршиле прозорци на зградата на ирачкиот парламент.

Официјални лица велат дека гранати биле фрлени и внатре во Зелената зона, каде се сместени многу странски амбасади и ирачки владини канцеларии.

Полицијата кажа дека имало и друг напад чија цел била зграда на централната влада, и дека возило експлодирало во близина на ирачкото Министерство за финансии во северен Багдад.

Во дистриктот Салхија во централен Багдад, каде се сместени армиски бази, исто така се случила експлозија.

XS
SM
MD
LG