Семејството на поп
ѕвездата Мајкл Џексон вели дека пеачот ќе биде погребан на 29 август, што требало да биде негов 51-ви роденден.
Во соопштение од вторник, семејството Џексон вели дека
церемонијата на погребот ќе биде во
Меморијалниот парк Форест Лон Глендејл,
во Глендејл, Калифорнија, што е предградие на Лос Анџелес.
Јавната служба
за Џексон се одржа минатиот месец во Лос
Анџелес. Семејството имаше приватна меморијална служба порано истиот
ден.