Линкови за пристапност

Русија уапси осум лица осомничени за грабнување на карго брод


Рускиот министер за одбрана вели дека трупите уапсиле осум лица осомничени дека го киднапирале карго бродот што исчезна откако го напушти Англискиот канал кон крајот на минатиот месец.

Руските новински агенции во вторникот го цитираа министерот Анатолиј Сердјуков кој изјави дека осомничените биле уапсени на морнарички брод што го лоцирал исчезнатиот карго брод. Меѓу нив се државјани на Русија, Естонија и Латвија.

Сердјуков рече дека осумнината се качиле на бродот на 24-ти јули во шведските територијални води и со вперено оружје на екипажот му наредиле да ги следи нивните наредби.

Грабнувачите потоа наредиле бродот да се упати кон јужниот дел на Атлантикот и ја замениле опремата за навигација.

Рускиот министер за одбрана додаде дека бродот бил пронајден на крајбрежјето на Кејп Верд. Сердјуков рече и дека 15-члениот руски екипаж бил на безбедно и префрлен во руски морнарички брод.

XS
SM
MD
LG