Линкови за пристапност

Вооружени демонстранти на настани на кои говори Обама


Неколкумина демонстранти во Феникс, Аризона носеа оружје пред објектот каде претседателот Барак Обама имаше свое обраќање.

Полицијата истакна дека насобраните го користеле своето право загарантирано со закон на оваа сојузна држава за поседување на оружје. Полицијата додаде дека будно ги следела легално вооружените демонстранти за време на говорот на Обама пред американски воени ветерани.

Изминативе денови е забележливо присуство на вооружени лица за време на настани на кои говори американскиот лидер. За време на минатонеделната национална дебата во сојузната држава Њу Хемшир, еден од демонстрантите беше забележан со пушка прикачена за неговата нога. Њу Хемшир има закон за поседување на оружје, сличен на оној на Аризнона, така што овој демонстрант не беше уапсен.

XS
SM
MD
LG