Египетскиот претседател Хосни Мубарак во Белата куќа ќе
се сретне со американскиот претседател Барак Обама на разговори за
блискоисточниот мировен процес и други прашања.
Ова е прва посета на Мубарак на САД по пауза од пет
години.
Во понеделникот, египетскиот лидер имаше едночасовна
средба и со американската државна секретарка Хилари Клинтон.
Портпаролот на Стејт департментот Пи Џеј Кроли соопшти
дека Мубарак и Клинтон разговарале по прашања како мировниот процес и
ситуацијата во Иран и Судан.
Портоаролот истакна дека САД работат напорно за да
создадат услови за продолжување на преговорите за мир на Блискиот Исток.