Линкови за пристапност

Во Кабул ескалирани нападите на два дена пред изборите


Авганистански претставници велат дека при експлозија на автомобил бомба на главен пат во предградие на Кабул се убиени најмалку седум лица, додека насилството се интензивира пред претседателските избори во четврток.

Официјални лица велат дека вторничкиот напад имал за цел странски армиски конвој. ОН велат дека двајца од нивниот авганистански персонал биле убиени во експлозијата. Најмалку 50 други биле повредени.

Порано во вторникот најмалку една ракета паднала близу претседателската палата во Кабул. Има извештаи и за ракета што го погодила седиштето на полицијата во главниот град.

Во јужната провинција Урузган, самоубиствен бомбаш нападнал гласачко место во вторник, убивајќи тројца војници на армијата и двајца цивили. Најмалку петмина други се ранети, меѓу кои и двајца војници.


Талебанските милитанти ветија дека ќе ги пореметат претседателските и провинциските избори закажани за четврток, и ги ги засилија нападите низ државата.


Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи бара реизбор и изгледа дека е во водство меѓу триесетината кандидати.

XS
SM
MD
LG