Линкови за пристапност

Тропско невреме во САД


Тропската бура Бил стана првиот ураган во овогодишната сезона на невремиња на Атлантскиот Океан, што вообичаено трае од јуни до ноември. Ветриштата на Бил се со јачина од 120 километри на час и тој во моментов е далеку од копното, но според Американскиот национален центар за урагани, невремето би можело да стане ураган од силна категорија до среда.

Тропската бура Клодет, пак, слабее додека минува низ сојузната држава Алабама и откако во понеделникот најпрвин ја погоди Флорида. Според прогнозите, таа зад себе ќе остави по 25 сантиметри дожд.

XS
SM
MD
LG