Линкови за пристапност

Во руски Кавказ убиени 19 лица


Полицијата во нестабилниот руски регион Северен Кавказ вели дека најмалку 19 лица се убиени и околу 70 ранети во најсмртоносниот бомбашки напад последниве месеци.

Локални претставници во Ингушетија велат дека камион бомба експлодирал во понеделник кај седиштето на полицијата во градот Назран. Камионот ги пробил портите на објектот и експлодирал додека полицајците се ределе за утринско пребројување.

Полицијата вели дека се работело за околу 20 килограми експлозив што оштетил автомобили и згради во областа. Најмалку девет од повредените се деца.

Владини сили се борат со сепаратисти во Ингушетија, Чеченија и други делови на јужна Русија по распадот на Советскиот Сојуз во 1991. Смртоносни судири се редовна појава во јужните републики на државата.

Пред една недела милитанти во Дагестан отвориле оган на полицијата што го запрела нивниот автомобил, убивајќи најмалку двајца полицајци и ранувајќи уште еден. Тамошниот портпарол кажа дека полицијата возвратила со оган и убила еден милитант.
Порано месецов, руски официјални лица велат дека милитанти во Чеченија од заседа нападнале неколку полициски возила додека овие патролирале низ областа, убивајќи најмалку петмина офицери и ранувајќи шестмина други.
XS
SM
MD
LG