Линкови за пристапност

Клинтон ја заврши посетата на Африка


Американската државна секретарка Хилари Клинтон ја заврши 11-дневната турнеја низ Африка, велејќи дека е оптимист за иднината на континентот, но оти проблемите не смеат да се занемарат.

За време на прес-конференцијата во Кејп Верд, нејзината последна станица од турнејата, Клинтон истакна дека не жали за изразувањето на, како што рече, „пораката на строга љубов“ до лидерите на континентот.

Таа подвлече дека администрацијата на претседателот Обама не бега од проблемите со кои се соочува Африка и сака да им помогне на Африканците да внесат промени во нивните земји.

Клинтон за време на посетата на Африка ја повтори пораката на Обама дадена при неговата неодамнешна посета на континентот, во чии рамки е и повикот до африканските лидери да се справат со корупцијата и да промовираат демократија.

XS
SM
MD
LG