Линкови за пристапност

Погребана Јунис Кенеди Шрајвер


Многумина ожалостени меѓу кои владини преставници и некогашни учесници на Специјалните олимписки игри, присуствуваа на приватниот погреб на Јунис Кенеди Шрајвер, која почина во вторникот на 88-годишна возраст.

На погребната церемонија на, како што ја нарекуваат многумина, „кралицата на хуманитарноста“, присуствуваа и нејзината ќерка, Марија Шрајвер, зетот и актуелен гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер, како и останатите членови на семејството.

На погребот присуствуваше и потпретседателот Џозеф Бајден, а единствениот жив брат на Јунис, сенаторот Едвард Кенеди, поради борбата со тумур на мозокот, беше спречен да допатува во Масачусец.

Јунис Шрајвер е позната по обезбедување помош за промени во светската перцепција и третманост за ментално болните лица.

Во 1960-те, таа ги формирала Специјалните олимписки игри, на кои учествуваат лица со проблеми со менталното здравје и кои се оддржуваат во преку 150 земји во светот. Јунис Шрајвер му беше сестра на поранешниот американски претседател Џон Кенеди.

Шрајвер изминативе неколку години претрпе серија мозочни удари. Таа зад себе го остави сопругот Сарџент Шрајвер, нивните пет деца и 19 внуци.

XS
SM
MD
LG