Пакистанскиот претседател Асиф Зардари ја укина забраната за политички активности во племенските региони, додека Пакистанците го одбележуваат Денот на независноста.
Пакистанските седум полуавтономни племенски региони долж границата со Авганистан никогаш не биле интегрирани во политичкиот и административен систем на земјата, дозволувајќи им на милитантите и на племенските старешини да ја контролираат областа.
Ова е првата поголема промена во рамки на системот што Пакистан го наследи од Британија, која владееше со регионот се додека земјата не прогласи независност во 1947-ма година.
Полицијата и безбедносните сили беа на високо ниво на готовност за време на прославите за Денот на независноста ширум Пакистан.