Индиската полиција распоредува безбедносни сили во Њу Делхи и долж граничните подрачја, во подготовка на одбележувањето на Денот на независноста.
Воени претставници велат дека од индиските држави е побарано превентивно да ги зајакнат безбедносните мерки.
Во сабота се одбележува 62-та годишнина од индиската независност од Британија и е прва прослава на овој ден од терористичките напади во Мумбаи во ноември.
Во нападите, кои се верува дека ги извеле 10-мина припадници на пакистанската милитантна група Лашкар-е-Таиба, загинаа преку 160 лица.