Линкови за пристапност

Според нови податоци - во САД расте бројот на  паравоените групи


Во извештајот на Правниот центар „Southern Poverty“, се вели дека една деценија откако анти-владиното паравоено движење во САД речиси исчезна, постојат податоци дека тоа повторно е вратено.

Правниот центар е непрофитна група за заштита на граѓанските права со седиште во сојузната држава Алабама, кој меѓу другото, се занимава со следење на активностите на групите кои шират омраза во САД.

Од Центарот додаваат дека стресот поврзан со лошата економска ситуација, либералната администрација на чело со претседател од афро-американско потекло, како и променливата демографија во земјата, само придонесуваат за зголемување на бројот на паравоените групи.

Во извештајот на Правниот центар уште се наведува дека агенција за спроведување на законот открила 50 нови групи кои нудат обука за паравојници, вклучувајќи една сочинета од актуелни и поранешни полицајци и војници.

XS
SM
MD
LG