Линкови за пристапност

Финансиско образование – клучен фактор за излез од економската криза


Американците конечно ја осознаа важноста од разбирањето на личните финансии, вели економистот Сузан Бичем.

Порано родителите не се грижеа за финансиско образование на своите деца. Денес тие многу повеќе се фокусираат на ова, зашто од тоа зависи колку нивните деца ќе бидат финансиски здрави личности.

Бичем е основач на „Мани Сејвинг Џенерејшн“, компанија која им дава орудија за родителите и наставниците, за децата да ги учат како да ги организираат парите со кои располагаат. Таа вели дека досегашниот американски пристап во третирањето на овие прашања се покажал неефикасен.

„Не смее да се чека до тинејџерска возраст за да се направи промена во однесувањето. Тогаш децата се оддалечуваат од нас. Поголемиот дел од нашиот ангажман околу нив е додека тие се на предучилишна возраст, па до четврто одделение, бидејќи токму тогаш децата го формираат однесувањето и карактерот“, вели овој економист.

Друга програма е бесплатниот наставен план на Националаната група за финансиско образование, се однесуваат на средношколци. Пол Голден, портпарол на непрофитната група, објаснува зошто е и натаму важно да се зборува на оваа старосна група.

„Во раните 20-ти години младите можат да донесуваат финансиски одлуки што веројатно ќе влијаат врз голем дел од нивниот подоцнежен живот. Тие можат да купуваат домови, да формираат семејство или да имаат други големи инвестиции“, вели Голден.

Тој додава дека истражување, финансирано од неговата организација, покажало оти она што е поважно од формалното образование, е улогата на родителите.

Но, кога станува збор за пари, многу од самите родителите немаат големи познавања, велат експертите.

Непознавањето на финансиите не се ограничува на просечниот потрошувач. Џил Кристи работи за „Севен Сити Лернинг“, компанија која обезбедува програми за обука во областа на финасиите, за експерти од Вол Стрит – за примена на сложени математички формули за предвидување на цените на имотот.

„Многу од наводно умни луѓе, умешни инвеститори, кои тргуваат со акции, во суштина не ги разбираат активностите. Некои велат – Зошто да се трудам да разберам, кога парите и така доаѓаат? Тоа честопати е преголем ентузијазам, преголема доверба во пазарот, кога работите се одвиваат според планот“, вели Кристи.

Но формулите што ги користат овие финансиски експерти во своите дневни анализи, на крајот не даваат комплетна слика, бидејќи моделите и математичките формули не ги препознаваат човечките емоции и однесувањето кога ќе се јават проблеми на финансиските пазари.

Кристи вели дека неговата група обезбедува Сертификат за квантитативни финансии, и нуди практична, а не теоретска обука за корисниците.

„Програмата се фокусира на градење на тие модели, можноста да се критикуваат тие модели и што е најважно, разбирањето за тоа кој модел треба да се употреби зависно од условите на пазарот во одредено време“, вели Кристи.

Ваквите програми за обука имаат за цел да ги спречат професионалните инвеститори од одење на слепо и играње високоризични финансиски игри кои придонесоа за појава на актуелната економска криза. Идејата е да се образуваат прво професиналците, зашто со тоа се зголемуваат шансите процесот да го разберат просечните Американци.

XS
SM
MD
LG