Линкови за пристапност

Руски воени бродови во потрагата по исчезнатиот товарен  брод


Руски воени бродови го пребаруват Атлантикот за товарен брод со 15-член руски екипаж што последен пат е виден пред две недели во Каналот Ламанш.

Во изјава на руското Министерство за одбрана од четврток се вели дека властите ги користат сите средства за откривање, вклучувајќи и сателити, да го лоцираат бродот „Арктичко море" регистриран во Малта, што во Алжир требало да стигне на 4 август.

Москва нареди четири бродови од руската флота на Црното море да заминат за Атлантикот порано неделава за да учествуваат во потрагат по товарниот брод.

Властите велат дека „Арктичко море", што носел дрвена граѓа од Финска до алжирското пристаниште Беџаја, не се појавил на дестинацијата и не минал низ Гибралтарскиот теснец.

Извештаите од порано неделава велат дека бродот бил лоциран далеку на југ во близина на брегот на Португалија пред врската да биде изгубена на 28 јули.

XS
SM
MD
LG