Линкови за пристапност

Клинтон во Либерија - поддршка за единствената жена претседател во Африка


Американската државна секретарка Хилари Клинтон се наоѓа во посета на Либерија, при што ја изразува поддршката на САД на претседателката Елен Џонсон Сирлиф, единствената жена – лидер во Африка.

По средбата со Сирлиф, Клинтон се очекува да се обрати пред либерискиот парламент.

Претседателската Сирлиф ужива голема поддршка од страна на САД откако во 2005 беше избрана на функцијата. Но либериската Комисија за вистина и помирување, предлага на Сирлиф да и`се забрани да се занимава со политика поради нејзината наводна вмешаност во граѓанските војни во земјата.

Сирлиф има признаено дека своевремено дала пари за кампањата на поранешниот либиски претседател Чарлс Тејлор, кому му се суди во Хашкиот трибунал за воени злосторства. Сирлиф сепак ги порекнува обвинувањата дека била член на неговото движење.

XS
SM
MD
LG