Линкови за пристапност

Американците и натаму ги губат домовите со рекордна стапка


Постепеното опоравување на американската економија, не е од голема помош за Американците кои се во опасност да ги загубат своите домови.

Податоците на агенцијата за недвижнини „Риалти Трек“, покажуваат дека бројот на сопственици на домови кои се соочиле со проблеми со исплата на кредитите, во јули се зголемувал со рекордно темпо, со пораст од 32 процента споредено со истиот период минатата година.

Извештајот доаѓа само еден ден откако Федералните резерви соопштија дека рецесијата во САД се намалува.

Сепак, нивото на невработеност во Америка изнесува 9,4 проценти, а претседателот Обама предупреди дека оваа бројка може да нарасне на 10 проценти.

Загубата на работни места во САД, придонесе за намалување на приходите и Американците се соочуваат со проблеми при исплатата на долговите, како кредитите за домовите.

XS
SM
MD
LG