Вашингтон пост вели дека поранешниот американски потпретседател Дик Чејни, верувал оти неговиот поранешен шеф, претседателот Џорџ Буш, за време на вториот мандат се` помалку ги следел неговите совети, заземајќи помирувачка јавна позиција.
Според весникот, Чејни кој важи за највлијателниот потпретседател на САД, рекол дека „истекол рокот на статусот на ограничувања“ на повеќето од неговите тајни.
Пост го цитира неговиот овластен биограф, Стивен Хејс, кој вели дека Чејни има силни чувства за случувањата за време на администрацијата на претседателот Буш и дека нема никаква причина „за отворено да не ги изрази овие гледишта“.
Весникот цитира и учесник на средбата на која било дискутирано за неговата книга, кој рекол дека Чејни почувствувал оти Буш за време на неговиот втор мандат „се оддалечувал од него“.
Истиот извор додал дека претседателот Буш покажал доза на „независност“ што Чејни не забележал дека доаѓа, особено преку фактот што претседателот покажувам помирувачки однос спрема јавноста.
Вашингтон пост уште вели дека Чејни, потресен што Буш не го поминувал високиот советник во Белата куќа Луис „Скутер“ Либи, во целот ќе ги изложи своите жестоки аргументи во неговата книга која се очкува да биде објавена во 2011 година.