Тајван вели дека испраќа уште четири илјади војници во јужните региони на островот за спасување на
илјадници селани заглавени во пустошот предизвикан од тајфунот Моракот.
Десетици хеликоптери беа испратени во регионот за
пренесување на преживеани кои останале отсечени откако патиштата
и мостовите биле уништени од
наноси на кал и лизгање на земјиштето предизвикани од тајфунот.
Бројот на смртни случаи од Моракот сега е најмалку 107
лица, откако повеќе од 30 тела беа најдени во област
на извори на топла вода. Други 61 лице
се водат за исчезнати.
Властите велат дека по воздушен пат пренеле повеќе повеќе
од илјада лица на безбедно од опустошениот регион.
Тројца спасувачи биле убиени во вторникот
кога нивниот хеликоптер се урнал во планина.